Возачите кои патуваат кон Халкидики, аеродромот „Македонија“ или источните делови на Солун се советуваат навреме да се информираат за состојбата на патиштата и да предвидат дополнително време за патување, особено во периодите на викенд-гужвите.
Од утре во 23 часот до недела, 14 јуни, во 23 часот, делот од обиколницата за Халкидики ќе биде целосно затворен во двете насоки во текот на два дена, па се очекуваат поголеми метежи и забавен сообраќај низ Солун. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ Солун, а возачите треба да ја следат привремената сообраќајна сигнализација поставена на терен.
Проектот предвидува изградба на нова надземна брза сообраќајница над постојната источна обиколница на градот, со цел да се намали метежот и да се подобри протокот на возила низ вториот по големина грчки град.
Грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт информира дека градежните работи се одвиваат со засилено темпо. Надлежните очекуваат новата сообраќајница да биде пуштена во употреба идната година.
Кога ќе биде завршен, „Флај оверот“ треба значително да го зголеми капацитетот на обиколницата и да го намали времето на патување низ Солун.






