четврток, 11 јуни 2026

Слаб земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.

Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ