четврток, 11 јуни 2026
Време

Сончево и топло со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 24 до 33 Целзиусови степени. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и пад на дневните температури од 21 до 28 степени. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 км/ч).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ