среда, 10 јуни 2026

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски

Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Објавено на

часот

Сподели

Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните скандали и огромното незадоволство кај земјоделците. Со интерпелацијата се бараше политичка одговорност и оставка од Трипуновски.

Владејачкото мнозинство ја квалификува интерпелацијата како беспредметна, неоснована и неиздржана, но и како политички маневар за дефокусирање на јавноста од вистинската одговорност за „пустошот, долговите и девастацијата што во земјоделството ги остави претходната власт на СДСМ, предводена од поранешниот министер Љупчо Николовски“. Трипуновски, рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, покажа како се работи одговорно, домаќински и транспарентно, а МЗШВ раководено од него, за рекордно време испорача конкретни, мерливи и видливи резултати.

„Сите обвинувања што ги расфрлате како пердуви во јавноста, не се поддржани со аргументи. Довербата што сме ја добиле ќе ја оправдаме, а времето ќе покаже какви политики води ВМРО-ДПМНЕ, а какви водеше СДСМ. Немојте да изнесувате само политички флоскули дека нешто е катастрофално. Дворот беше премногу валкан и презадолжен – таква ситуација наследивме од вашите седум години власт. Да имавте барем малку доблест да работите домаќински и економски, денеска ќе беше многу поинаква ситуацијата“, им порача министерот Трипуновски на пратениците од опозицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ