среда, 10 јуни 2026

Во Вашингтон отворена „Спомен-читална на Трамп и Епстин’ (ФОТО)

Во Вашингтон вчера за јавноста беше отворена изложба со околу 3,5 милиони страници документи поврзани со Џефри Епстин. Станува збор за поставка наречена „Спомен-читална на Доналд Џ. Трамп и Џефри Епстин“, на кој се прикажани документи на Министерството за правда на Соединетите Американски Држави поврзани во 3.437 книги. Ова е втора локација за читалната, која претходно ја посетиле 10.000 луѓе во Њујорк, вклучувајќи повеќе од десетина жртви.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дејвид Гарет, еден од организаторите на изложбата од Институтот за примарни факти, тврди дека Министерството за правда не ги редактирало документите правилно.

„Ги оставиле имињата на жртвите и невините незаштитени, а потоа ги заштитиле сите свои богати и моќни пријатели“, истакна Гарет.

Изложбата содржи и временска линија од подот до таванот која ги прикажува врските помеѓу осудениот педофил Џефри Епстин и американскиот претседател Доналд Трамп, како и нивните одделни обвиненија и пресуди.

„Тој човек, кој беше толку вклучен во животот на Џефри Епстин, се спомнува 38.000 пати во досиејата. Многу членови на неговата администрација, па дури и неговото семејство, се поврзани со Епстин. Тој не треба да биде задолжен за истрагата“, кажа Гарет.

Прашањето за објавувањето на досиејата стана надпартиско прашање. „Само објавете ги сите списи. Апсолутно сè. Не оние што вие ќе ги изберете, и не цензурирани. Само покажете ги сите“, порача Ерик, посетител од Вашингтон.

Но, читалната не е посветена само на списи. Поставени се 1.400 свеќи за жртвите на Епстин на изложбениот под. „Секоја од нив го претставува животот на едно девојче“, објасни Гарет.

На посетителите на располагање им е и ѕид на кој можат да ги остават своите пораки и мисли. „Јас сум за продолжување на расветлувањето на списите на Епстин, бидејќи Конгресот, разбирливо, се чини дека е фокусиран на други прашања. И никогаш не добивме вистински епилог“, кажа посетителот Дејвид Дусинг.

Поради проблемите со редактирањето на документите, на избрани функционери и нивниот персонал, новинари и жртвите и нивните претставници им е даден пристап до оригиналните досиеја во утринските часови.

Пошироката јавност може да ги види документите попладне и тие остануваат изложени на полиците.

Посетителите можат бесплатно да закажат 20-минутен термин до крајот на оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ