четврток, 11 јуни 2026

Историски пресврт: Њујорк се врати од -29 и го победи Сан Антонио (ВИДЕО)

Никси дојдоа на победа до шампионската титула откако во еден фантастичен меч од финалната серија го победија Сан Антонио Спарс со 107-106 и поведоа со 3-1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во еден момент од натпреварот Сан Антонио водеше со 81-52, во тие моменти никој не помислуваше дека може да победи Њујорк освен кошаркарите на овој тим кои направија чудо.

Лудиот меч беше комплетиран со фантастичен финиш во кој Оу-Џи Ануноби погоди на 1,2 секунди до крајот со шут од обиена топка на Џејлен Брансон.

Најдобар поединец кај победникот беше токму Брансон со 36 поени и седум асистенции, додека Ануноби додаде 33 поени. Кај Спарс, Виктор Вембањама запиша 24 поени и 13 скока, но со скромен процент на реализација од поле.

Овој триумф ќе остане запишан во историјата како најголем пресврт во НБА-финале откако лигата во 1997 година почна детално да ја следи статистиката за движењето на резултатот. Досегашниот рекорд го држеше Бостон селтикс, кој во 2008 година против ЛА Лејкерс се врати од негатива од 24 поени.

Петтиот натпревар се игра во сабота во Сан Антонио, каде што Њујорк ќе ја има првата од трите шанси да стави крај на повеќедецениското чекање на шампионскиот трофеј.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ