Со оваа соработка, двете компании ги обединуваат дигиталните решенија, современата технологија и флексибилните финансиски услуги со цел да им овозможат на корисниците искуство со уникатни бенефиции и можности.
Првата заедничка понуда е наменета за сите љубители на спортот, филмовите и квалитетната телевизиска содржина. Корисниците кои ќе активираат или обноват MOVE пакет на 24 месеци, ќе можат да купат Samsung телевизор со ексклузивен попуст од 50%, а плаќањето се реализира преку Иуте со можност за купување на 4 рати и 0% трошоци преку iute Smart.
„Партнерството со МТЕЛ е уште еден чекор во нашата мисија да им овозможиме на корисниците пристап до производи и услуги кои го подобруваат нивното секојдневие. Веруваме дека комбинацијата од врвна технологија и едноставни паметни начини на плаќање создава вистинска вредност за корисниците токму во период кога интересот за телевизиска содржина и спортски настани е на највисоко ниво“, вели Игор Трпковски, директор на продажба во Иуте Македонија.
Во време кога домот повторно станува центар на најголемите спортски емоции, ова партнерство доаѓа како вистинска можност за оние кои размислуваат за подновување со нов телевизор и супер забавно искуството при следење на омилените натпревари, серии и филмови.
Ова е само почеток на соработката помеѓу Иуте Македонија и МТЕЛ, која во иднина ќе донесе нови поволности, иновативни понуди и уште повеќе можности за корисниците.
Комерцијален текст






