четврток, 11 јуни 2026

Земјава ја посетиле над 97.000 туристи за еден месец, најмногу Турци, Германци, Срби и Французи

Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174.649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски.

Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %. Кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските зголемување за 4.8 %.

Вкупниот број на ноќевања, пак, е зголемен за 0.3 %, кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските зголемување за 0.6 %.

Најголем број од странските туристи биле од Турција (11.826), од Германија (11.463), од Србија (6.073) и од Франција (5.695).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ