четврток, 11 јуни 2026

Приведени девет градежни работници од Албанија, немале регулиран престој

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи-Дебар, приведоа албански државјани, кои без дозвола за престој биле ангажирани во градежни активности, информираа од СВР – Охрид.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера на улицата Бајрам Цури во Дебар, полициски службеници привеле девет албански државјани. При контрола извршена од полициски службеници и трудовата инспекција, констатирано е дека тие немале уредна документација за престој во земјава и дека спротивно на законските одредби, вршеле градежни работи на подрачјето на Дебар“, информираше Стефан Димоски, портпатол на секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според Димоски, по целосно документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

Поради близината, албански граѓани од пограничниот регион, особено од областа Голо Брдо, кои се познати по мајстворството, не ретко се ангажираат во поширокото дебарско подрачје.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ