четврток, 11 јуни 2026

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата на Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот на јавните обвинители (СЈО) на денешната седница го продолжи ангажманот на Наташа Крстева Цалева како вршител на функцијата (в.д.) виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје. Советот не назначи нов обвинител, туку ја продолжи функцијата на досегашната в.д., со цел да обезбеди континуитет во работата на ВЈО Скопје.

 

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираше претседателот на СЈОРМ, Башким Бесими, постапката за избор на нов Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, уште тече.

„Чекаме оценување од вишите јавни обвинителства, кога ќе стигнат оценките ќе направиме интервјуа и ќе закажеме седница за избор на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје. На Крстева Цалева ѝ истекува рокот утре, затоа е донесена нова одлука во континуитет да биде истата“, изјави Бесими.

На денешната седница Советот го усвои и Годишниот извештај за работата на ВЈО Штип, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и утврди динамика за донесување подзаконски акти согласно Законот за Советот на јавните обвинители.

Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување услов за старосна пензија на Виолета Стојановска, а на седницата беа усвоени и одлуки за распишување огласи за основен јавен обвинител во Крива Паланка и за еден јавен обвинител во ЈО Скопје.

Под точката разно беа споделени претставки по кои се утврдени неправилности во постапување кај јавен обвинител на основно јавно обвинителство, како и кај јавен обвинител во основно јавно обвинителство за негово постапување во конкретен кривичен предмет кога е отфрлена кривична пријава против три лица.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ