петок, 12 јуни 2026

Ѓорѓиевски: Нови 2.600 контејнери за Скопје, градот го враќаме во нормала

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека наскoро ќе бидат поставени 2.600 нови контејрнери и порача дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги за да се врати во нормала. Toj pосочи дека Скопје со години се соочува со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми и додаде дека негова цел е да се изгради систем што ќе обезбеди редовно функционирање на градските услуги.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиевски за ТВ Телма изјави дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатокот на соодветна инфраструктура.

„Бев апсолутно свесен во што влегувам уште пред да станам градоначалник на градот Скопје. Знаев какви се состојбите во сите населени места, но и бев свесен за финансиската состојба и за загубите на вода затоа што немаме точен подземен катастар“, рече Ѓорѓиевски.

Според него, целта е да се изгради систем кој нема да зависи од политичките околности и ќе обезбеди редовно функционирање на градските услуги.

„Нешто што недостасува долги години во Скопје е да се изгради систем кој нема да зависи од милоста на централната власт. Досега немавме систем и сега го градиме“, посочи Ѓорѓиевски.

Како една од клучните мерки за подобрување на јавната хигиена, го најави поставување на 2.600 нови контејнери низ градот.

„Еве сега обезбедуваме 2.600 контејнери, а во изминатите 10 години вкупно не е обезбедена толкава бројка“, нагласи скопскиот градоначалник.

Тој додаде дека во одредени делови од градот недостасуваат основни услови за нормално собирање на отпадот, посочувајќи дека само во општина Чаир недостигаат околу 180 контејнери, што придонесува за создавање диви депонии.

Градоначалникот оцени дека состојбата со одржувањето на јавните површини, зеленилото и комуналната хигиена е подобрена во споредба со претходниот период и најави продолжување на инвестициите во механизација и опрема за градските служби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ