сабота, 13 јуни 2026

Нов пораз за македонските одбојкарки, загубивме од Азербејџан

Четврти меч, четврти пораз на македонските одбојкарки во Европската лига, овојпат загубивме од Азербејџан со максимални 0-3 (13-25, 15-25, 18-25).

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од вчерашниот дуел со Шпанија, денеска нашите одбојкарки понудија посилен отпор, особено до средината на вториот и третиот сет и се надигруваа со противникот, а имаа и активен резултат. За жал не успеваа репрезентативките да го задржат високото ниво на игра и во продолжението убедливо ги губеа сетовите.

Ива Стојкоска и Андротеа Милевска реализираа по седум поени, Маја Василевска имаше шест поени.

Македонија со ова го завршува настапот на вториот турнир и се враќа дома, каде следниот викенд (19-21 јуни) во СЦ “Борис Трајковски” во Скопје ќе виде домаќин на третиот турнир во годинешното издание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ