сабота, 13 јуни 2026

Фуксе Берлин го исфрли Магдебург, Европа ќе има нов ракометен шампион

Во германската пресметка од полуфиналето во Лигата на шампионите, Фуксе Берлин со 40-35 го победи Магдебург во првото полуфинале во „Ланксес арената“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Актуелниот шампион Магдебург денеска беше немоќен против момците од Берлин, па друг тим ќе биде шампион оваа сезона.

Натпреварот беше неизвесен во најголемиот тек, но кога дојде при крајот, Фуксе Берлин заигра подобро, се одлепи и на крајот дојде до победа од пет разлика.

Одличен на теренот беше Матијас Гидсел кој постигна девет гола и покрај бавниот почеток во кој првиот гол го постигна дури по 17 минути игра. Девет гола на спротивната страна постигна Омари Инги Магнусон.

За издвојување е и настапот на екс-голманот на Вардар, Дејан Милосављев кој собра седум интервенции, но неколку од нив беа во клучните моменти, а средбата ја заврши и со еден постигнат гол.

Во финалето Фуксе ќе игра против подобриот од вториот полуфинале дуел од 20:30 часот во кој играат Барселона и Алборг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ