сабота, 13 јуни 2026

Обвинителството отвори истрага за сексуална злоупотреба на 12- годишно девојче во Битола

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12 – годишно девојче, со што извршил продолжено дело – силување на дете кое не наполнило 15 години, информираа денеска од Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело, прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопштија од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ