Според информациите од полицијата, 40-годишна жена од тетовско пријавила дека по прекинувањето на нивната врска во април годинава, осомничениот континуирано ја следел низ градското подрачје и ја вознемирувал преку телефонски повици од различни телефонски броеви.
Во пријавата било наведено и дека откако таа одбила да ја обнови врската, мажот почнал да упатува закани кон неа и кон членовите на нејзиното семејство.
Осомничениот бил приведен вчера околу 20:30 часот во Тетово, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






