Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада кон Иран, но дека разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна.
Би-би-си пренесува дека американските официјални лица потврдиле некои од деталите на договорот.
Според нив, економските придобивки за Иран ќе зависат од тоа дали Техеран ќе ги исполни своите обврски.
Арагчи рече дека меѓу претставниците на Врховниот совет за национална безбедност има „и поддржувачи и противници“ на најновите услови од договорот.
„Мораме да почекаме. Доколку биде одобрен, договорот ќе биде потпишан од далечина“, додаде тој.






