Првиот случај бил пријавен на вчера во 19 часот во полициската станица Гостивар. Според пријавата на 19-годишниот В.Д. од селото Лешница, околу 16:50 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од женско лице, додека машко лице му упатувало закани. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден, во 21:45 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:50 часот пред станбен објект на улицата „Браќа Ѓиноски“ била физички нападната 17-годишна девојка. Пријавата ја поднел нејзиниот татко, 55-годишниот Р.И. од селото Ѓурѓевиште, а според информациите, напаѓачот бил женско лице.
„По целосно расчистување на настанот ќе следува соодветен поднесок“, велат од СВР Тетово.
Неколку часа подоцна, на 13 јуни околу 1:45 часот, полициски службеници на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар ги привеле Б.В. (18) од селото Беловиште и П.М. (18) од Гостивар, кои биле затекнати во меѓусебна физичка пресметка. Од полицијата информираат дека по документирање на случајот ќе бидат преземени соодветни мерки.






