сабота, 13 јуни 2026

Филипче ја прашува Сиљановска-Давкова дали сака да се приклучи на „Фронтот за вистина и правда“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на платформата X (твитер) посочува дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите кои СДСМ ги застапува подолго време, а кои денес ги споделува и граѓанскиот „Фронт за вистина и правда“, информираат денеска од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов“, наведува Филипче.
Тој во објавата потсетува на изјавата на претседателката Сиљановска Давкова дека “Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и за националниот идентитет и дека ЕУ треба да нѐ оценува според Копенхашките критериуми, а не според историски и идентитетски спорови.
Претседателот Филипче нагласува дека реформите и исполнувањето на Копенхашките критериуми се вистинските европски барања и единствениот пат за напредок на државата кон полноправно членство во Европската Унија.
„Дали ова значи дека претседателката Сиљановска сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?“ По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов. Упорно објаснуваме дека реформите и Копенхашките критериуми се европски барања a не бугарско прашање и дека се клучни за продолжување на преговорите. Реформите не претставуваат никаква закана за јазикот, културата и македонскиот национален идентитет“, пишува Филипче на X.
Тој смета дека Македонија не смее да дозволи, премиерот Христијан Мицкоски „со лаги и пропаганда да го дели народот, да ја изолира Македонија поради својот криминал и корупција и да ја остави Македонија како слепо црево на Балканот“.
„Гордана, ви благодарам за вистината. Како професорка по право, се надевам дека наскоро ќе бидете и на страната на правдата. Реформи сега. Европа сега“, пишува во објавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ