Јовановиќ патот до златото го трасира со серија убедливи настапи. Во групната фаза ги победи Мартин Асерето од Чиле со 7-0 и Сирапат Чимвонг од Тајланд со 3-0, додека против Иранецот Хосеин Вафа ремизира 5-5. Како второпласиран во групата се пласира во елиминациската рунда, каде што со убедливи 8-0 го совлада Кабело Заморан Шоте од Шпанија. Во полуфиналето повторно се сретна со Вафа и оствари победа од 8-4 за пласман во финалето.
Златниот медал на Јовановиќ е четврто одличје за Македонија на шампионатот во Бразилија и најголем успех на македонската експедиција. Претходно, Стефан Стојановиќ освои бронза во категоријата над 84 килограми, машката кумите-репрезентација стигна до сребрен медал, а женската кумите-селекција освои бронза.
Со овој резултат, македонските каратисти уште еднаш ја потврдија својата конкурентност на највисоко светско ниво во универзитетскиот спорт. На Светското универзитетско првенство во боречки спортови настапуваат повеќе од 1.500 студенти-спортисти од 46 земји, што го вбројува меѓу најпрестижните и најсилни универзитетски спортски настани во светот.







