„Меко трње“ од Марија Ангеловска, „Во куќата“од Николина Андова Шопова, „Сократовиот разговор во еден случаен свет“ од Даниела Андоновска – Трајковска, „Длабок простор“од , Зоран Анчевски, „ДАРУМ est“одИрена Бабамова Стојчева, „Времето ќе ја истресе тишината“од Мане Манушев, „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски, „Ми се чини дека некаде слушнав дете“од Тони Попов, „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска и „Болна земја“од Братислав Ташковски се десетте автори кои беа избрани на поширокиот избор на наградата.
Од нив, жири-комисијата едногласно ја утврдила листата со потесниот избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата и тоа „Меко трње“ од Марија Ангеловска, „Во куќата“ од Николина Андова Шопова, „Длабок простор“ од Зоран Анчевски, „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска и „Болна земја“ од Братислав Ташковски.
Како што соопштија од СВП, жири-комисијата, согласно Правилникот за наградата, продолжува да работи во тајност до донесувањето на конечната одлука. Поетите од потесниот избор ќе имаат свое претставување на одделен настан на фестивалот, пред официјалното соопштување на добитникот, кое ќе биде на 26 јуни 2026 година, во 12:30 часот. Наградената книга покрај паричната награда добива и објавување на книгата во превод на англиски јазик, промоција и портрет на следното издание на Струшки вечери на поезијата.
Фестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20:30.
Годинава Фестивалот ќе се одржи под фестивалското мото „Каде што живее поезијата“, кое е сообразено и со целокупниот визуелен концепт изготвен од креативниот тим на СВП, преку кој се посочува на кревкоста на традицијата и културата, но и за нејзината особеност и трајноста на зборот. За јазикот како куќа на поезијата, за внатрешното и светогледите, за идентитетите и разноликоста. Сето ова е одразено и низ целокупната програма на Струшките вечери на поезијата, кои годинава одбележуваат 65 години од своето постоење.






