понеделник, 15 јуни 2026

Кривични пријави против тројца струмичани за лихварство, изнуда и тешка кражба на дрзок начин

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица поднесе кривични пријави против Д.К. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела лихварство и тешка кражба на дрзок начин, против Л.К. за лихварство и изнуда и против Н.К. поради сомнение дека сторил кривични дела лихварство и изнуда, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување.

„Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства и на тој начин сторил кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ