Натпреварот на „НРГ Стадионот“ во Хјустон понуди вистинска голеада. Аутсајдерот парираше до пред полувремето, меѓутоа потоа следуваше сериозен пад и тоа се одрази на резултатот.
Првиот гол беше дело на Феликс Нмеча во шестата минута откако доби топка низ одбраната од Вирц. Изненадувачки Курасао стигна до израмнување во 21 минута од средбата, кога Леон Коменсиа го матира Нојер со помош на блокот пред себе (1-1).
До полувремето за Германците паднаа уште два гола, прво со глава реализира Нико Шлотербек, додека длабоко во судиското продолжение погоди Каи Хаверц од белата точка за 4-1.
Веднаш на стартот во второто полувреме Џамал Мусиала реализира за 4-1, а до крајот погодуваа Натаниел Браун, Денис Ундав и вторпат Каи Хаверц.
Во второто натпреварувачко коло Германците ќе се судрат со Брегот на Слоновата Коска на 20 јуни, додека Курасао ќе оди на мегдан со Еквадор на 21.






