недела, 14 јуни 2026

Македонија загуби од Грција, втор пораз во Европската лига

По две победи едноподруго, машката македонска одбојкарска репрезентација загуби со максимални 0-3 (19-25, 20-25, 23-25) од Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот го почнавме лошо, во првиот сет освоивме 19 поени, како одминуваше мечот бевме се подобри. Најголем отпор пруживме во третиот сет во кој освоивме 23 поени.

Никола Ѓоргиев со 11 поени и Филип Савовски со 10 поени беа најефикасни, додека Лука Костиќ и Стојан Илиев реализираа по седум поени.

Репрезентацијата вечерва се враќа во базата во Скопје, каде ќе ги продолжи подготовките за последниот турнир, следниот викенд на Косово.

Досега се одиграа четири меча во ова издание на Европската лига, Македонија има два порази и две победи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ