Спектакл на патеката во Барселона, Хамилтон стави крај на двегодишниот пост и првпат со болидот на Ферари дојде до победа.
За Хамилтон ова беше 106. победа, Ферари конечно имаа брилијантна стратегија која даде резултат.
Британецот почна на меки гуми, направи голем хаос со неочекуваното брзо второ менување на гумите по што леташе на патеката и ја направи клучната предност. На крајот доби мала помош од возилото за безбедност, кое му овозможи релативно безболно трето менување и шанса за сигурно возење до крајот.
Второто место го освои Џорџ Расел кој стартуваше од пол-позицијата. Кими Антонели се откажа во финишот, неговиот болид престана да работи, а слична судбина го снајде и Леклер.
Третото место на подиумот го освои актуелниот шампион, Ландо Норис. Во топ десет завршија Ферстапен, Пјастри, Хаџар, Гасли, Колапинто, Лоусон и Линдбад.
Here’s the top 10! 👇#F1 #BarcelonaGP pic.twitter.com/ZbHX8rOvry
— Formula 1 (@F1) June 14, 2026






