Како што информираше МВР, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено.
„По документирање на случајот против И.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.
Во изминатото деноноќие полицијата исто така лишила од слобода 24 возачи за безобѕирно управување возило од кои 17 лица возеле без возачка дозвола, четворица биле малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол, четворица во Прилеп од кои еден малолетник, тројца во Скопје, двајца во Битола, по еден возач од Кавадарци, Штип, Кочани и Гевгелија, како и по еден возач малолетник во Тетово, Гостивар и Неготино. Еден од возачите во Скопје и возачот во Штип биле и под дејство на алкохол.
Со забрана за управување на возило биле лишени по едно лице во Гостивар и еден во прилепско. Под дејство на алкохол двајца возачи управувале возило во Прилеп, а по едно лице во Крива Паланка, Битола и Гевгелија.
„По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол“, велат од МВР.






