Македонскиот шампион настапи со комбиниран состав во кој доминираа младите фудбалери, надополнети со неколку поискусни играчи. Црвено црните ја обезбедија предноста уште во првото полувреме, кога мрежата на противникот ја погодија Огнен Јаков и Иво Марковски за водство од 2-0. Во продолжението Умбрија успеа да постигне почесен погодок, но Вардар ја задржа предноста и го приведе натпреварот во своја корист.
Стартниот состав го сочинуваа Диковски, Мишковски, Најдовски, Куестас, Јевтовски, Дурански, Д. Тодоровски, Ф. Цветковски, Иво Марковски, Огнен Јаков и Данев. Шанса од клупата добија Велковски, Мурџевски, Бајрами, М. Николов и Митановски.
Од вардаровиот табор информираа дека на подготовките во Норчија веќе им се приклучиле и петтемина репрезентативци кои поради репрезентативните обврски подоцна го започнаа летниот подготвителен циклус.






