Натпреварот беше изедначен, а разликата ја направи погодокот кој го постигна Мекгин.
Шкотскиот фудбалер најдобро се снајде во една мешаница во 28. минута, топката дојде до него, тој биеше и со помош на противничките играчи заврши во мрежата од голот на Хаити.
На крајот се покажа дека овој гол беше пресуден Шкотска да тргне победнички на Мундијалот.
По првото коло Шкотска е прва во групата со три бода, пред Мароко и Бразил кои имаат по бод, Хаити е последен без бодови.
Во наредното коло Шкотска игра против Мароко, а Хаити ќе се сретне со Бразил кој на тој меч ќе ја бара првата победа.






