недела, 14 јуни 2026

Али Ахмети најави дека ќе се повлече од лидерската позиција во ДУИ, оди во ветерани

Нема да останам засекогаш претседател на партијата. Сакам да се приклучам на ветераните и да видам како ќе се борам како ветеран, изјавил Али Ахмети, лидерот на ДУИ на изборното собрание на огранокот во Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните.

Ахмети рече дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сака да го продолжи својот политички ангажман од друга улога.

По оваа најава, аналитичарите веќе изјавуваат дека вистински предизвик за ДУИ ќе биде одржувањето на единството во партијата. Искуството покажува дека партиите изградени околу силни лидери често се соочуваат со кризи при промена на раководството. Во локалните структури на партијата веќе се сменети 73 отсто од раководните позиции.

Ахмети нагласи дека ќе продолжи да придонесува во политичките процеси дури и како ветеран на албанската кауза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ