сабота, 13 јуни 2026

Двајца работници тешко повредени на работните места во пробиштипско и скопско

Двајца работници се здобиле со тешки телесни повреди во одделни несреќи на работните места во пробиштипско и скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај, во ОВР Пробиштип од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишен жител на селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево. Според информациите, тој се повредил додека извршувал работни задачи во рудник во пробиштипскиот регион. На местото бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.

Во вториот случај, од Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 51-годишен жител на селото Батинци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна компанија во селото Сопиште.

За настанот во скопско бил известен трудов инспектор, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Надлежните институции ги утврдуваат околностите под кои настанале двете несреќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ