сабота, 13 јуни 2026

Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

Во рамки на посетата на Република Турција, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерто за надворешни работи, Тимчо Муцунски попладнево оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Објавено на

часот

Сподели

„Турција останува еден од нашите најзначајни политички и економски партнери. На средбата го потврдивме заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на билатералната соработка и унапредување на економските и трговските односи.
Разговаравме за нови можности за инвестиции, зајакнување на економската соработка, како и за актуелните регионални и меѓународни предизвици. Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика и во периодот што следува. Заеднички ја истакнавме важноста на стабилноста, соработката и економскиот развој како предуслов за просперитетот на регионот“, напиша Муцунски на фејсбук.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ