сабота, 13 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ ги потценува младите, СДСМ им ветува ваучери, грантови, евтини кредити

СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Бојан Цветаноски од СДММ на која кажа дека платформата “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина, Македонија.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани. Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДС ги продлабочи додека беше на власт. Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома. На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска, на прес конференција, Бојан Цветаноски од СДММ кажа дека платформата “Твоја држава, твоја шанса“ има мерки кои создаваат шанса за младите да живеат и градат кариера во својата татковина, Македонија.

„2.000 евра ваучер за секој матурант за обуки во програмирање, вештачка интелигенција и зелени технологии – за да имаат пристап без финансиски трошок до најдобро платените работни места. Целосно бесплатни студии на државните универзитети – знаењето не е привилегија, туку право. Затоа гарантираме работа, пракса или обука во рок од четири месеци за секој млад човек од 18 до 25 години. Праведно е младите да бидат поддржани веднаш по завршување на образованието. 30.000 евра грант за отворање сопствен бизнис за младите кои ќе се вратат дома – за да градат кариера тука и да придонесуваат во домашната економија. Целосно ќе го укинеме данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан. Првиот дом не смее да биде луксуз. Евтини станбени кредити со фиксна камата од само еден отсто во првите 10 години и 5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот“, кажа Цветаноски на денешната прес конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ