Нашите репрезентативци во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во мечот во двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (7-6(4) и 6-2).
Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај-брејкот македонскиот дубл направи „мини брејк“ за 3-1 на поени и со тоа ја имаше предноста во „13.гем“ и го доби со 7-4 на поени. Во вториот сет веднаш на стартот Македонија во вториот гем Ивановски и Приходко направија брејк и потоа во осмиот гем од сетот со уште еден брејк ставија точка на успешниот настап во Молдавија.
Претходно во првиот сингл меч Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (6-2 и 6-4), додека Олег Приходко загуби од Петар Јовановиќ со 2-0 (6-4, 7-5). Ова беше седми меѓусебен дуел меѓу Македонија и Црна Гора и сега скорот е 4:-3 за Македонија.






