сабота, 13 јуни 2026

Една снимка од фудбалерите ја крена нацијата пред првиот меч на СП (ВИДЕО)

Турската репрезентација се најде во центарот на вниманието на Светското првенство, но овојпат не поради случувањата на теренот, туку поради скандал што ги разбранува социјалните мрежи.

Објавено на

часот

Сподели

Во јавноста се појави видео на кое тројца турски репрезентативци се снимени на балкон додека пушат, а снимката експресно се прошири меѓу навивачите и предизвика бројни реакции. Дополнителни контроверзии предизвикаа шпекулациите на дел од корисниците на социјалните мрежи дека не станува збор за обични цигари, туку за џоинт. Сепак, за таквите тврдења засега нема никаква официјална потврда.

Веќе не заслужуваш да бидеш во репрезентацијата, а сега уште и пушиш“, гласи еден од многуте негативни коментари на навивачите по објавувањето на видеото.

Од Фудбалската федерација на Турција засега не се огласиле за случајот, ниту е познато дали против инволвираните фудбалери ќе биде покрената дисциплинска постапка. Турција настапува во групата Д на Светското првенство заедно со САД, Парагвај и Австралија, а останува да се види дали овој инцидент ќе влијае врз атмосферата во репрезентацијата пред продолжението на турнирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ