сабота, 13 јуни 2026

Израел изврши серија напади против Хезболах на југот на Либан

Израелската војска изврши серија напади врз позиции на милитантното движење Хезболах во близина на градови и населби во јужен Либан.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Либанската државна новинска агенција ННА објави дека израелските сили досега бомбардирале осум градови и населби, од кои повеќето се наоѓаат во близина на градот Набатија.

Порано денес, израелската војска издаде предупредување за евакуација на 20 локации во јужен Либан пред напад врз Хезболах, пренесе Тајмс оф Израел.

„За ваша безбедност, веднаш треба да ги евакуирате вашите домови и да преминете северно од реката Захрани. Секој што се наоѓа во близина на позициите на Хезболах или военото оружје го загрозува својот живот“, изјави портпаролот на израелската војска, Авичаи Адраи, во предупредување на социјалната мрежа Икс.

Сè уште не е познато колку луѓе се опфатени со евакуацијата.

Од почетокот на американско-иранската војна, израелските сили интензивно напаѓаат упоришта на Хезболах, вооружено движење поддржано од Техеран, во јужен Либан.

Хезболах оттогаш ги засили прекуграничните напади врз северниот дел на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ