сабота, 13 јуни 2026

83-годишен скопјанец бил спасен од давење во последен момент

Вистинска драма се одвивала утринава на брегот на реката Вардар во скопската населба Карпош, каде 83-годишен скопјанец бил спасен од сигурна смрт откако почнал да се дави во реката, потврдија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во СВР Скопје вчера рано наутро, околу седум часот, кога очевидец забележал машко лице како се дави во водите на Вардар и успеал да го извлече на безбедно.

Станува збор за 83 годишниот Д.И., за кого е наведено дека имал здравствени проблеми.

На местото веднаш интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала прва помош, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за понатамошно лекување.

За настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат сите околности под кои скопјанецот завршил во реката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ