сабота, 13 јуни 2026

„Мундоманија“ во Бостон: Навивачите на Шкотска го „испија цело пиво“

Шкотските навивачи повторно се во центарот на вниманието на едно големо натпреварување, а овојпат се „прославија“ уште пред нивната репрезентација да го одигра првиот натпревар на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници навивачи на Шкотска се собраа во Бостон, каде што е сместена главната фан зона на селекцијата, а според информациите кои се шират на социјалните мрежи, успеале да ги испразнат залихите со пиво во дел од локалните пабови. Сопствениците на угостителските објекти наводно биле принудени итно да нарачуваат нови количини пијалаци поради огромната побарувачка од шкотските фанови.

Немаме доволно пиво, ни снемува. Мораме да нарачаме уште“, наводно им порачал еден сопственик на паб на своите вработени, пренесуваат објави на социјалната мрежа Икс.

Шкотските навивачи со години важат за едни од најбројните и најверните на големите натпреварувања, а според случувањата во Бостон, и овојпат ја оправдуваат својата репутација. Додека репрезентацијата се подготвува за премиерниот натпревар против Хаити, нејзините навивачи веќе станаа една од главните теми на Мундијалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ