сабота, 13 јуни 2026

Зајкова: Нема потреба од предвремени избори, мандатот се добива на четири години

Мене ми е искрено многу жал што само ЛДП како партија зборува за кратење на нерационалните трошења во државава затоа што треба да говориме со факти – дали имаме раст на инфлацијата? Имаме. Имаме ли раст на цени на ѓубрива? Имаме и тоа со извештај. Мислам дека во такви ситуации каде што економската состојба се влошува генерално заради глобалните кризи, мислам дека е многу неблагодарно пак да се зборува за трошења кои што се трошат директно од грбот на граѓаните, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, се наведува во соопштението од партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Зајкова во гостување на Сител рече дека да се зборува за избори кога владејачката гарнитура во Собранието има речиси двотретинско мнозинство, со кои може да спроведува решенија и да носи одлуки, е малку неблагодарно.

„Сакам само да упатам една порака до граѓаните дека ако платата не им стигнува до крајот на месецот, ако пензиите не им стигнуваат до крајот на месецот, банките уште ги ‘шурат’ со провизии, да знаат дека новите избори значат повторно трошење пари од нивниот џеб и повторно значат помалку пари во државата, а ќе ги организира некој директор кој што имал можност да спроведува решенија и одлуки, меѓутоа бара повторно поддршка за нови избори за само две години затоа што досега ги потрошил годините да објаснува како претходно некој бил крив за нешто“, посочува претседателката на ЛДП.

„Апсолутно и во минатото ако ги следите моите ставови се конзистентни, на луѓето навистина им е преку глава од избори бидејќи ние гледаме дека од изборен циклус во изборен циклус ништо не се менува, државата осиромашува, институциите стануваат нефункционални и мислам дека треба да заврши она време кое што го паметиме, времето на Груевски, кога се одеше на секои две години на нови избори, а притоа апсолутно ништо не се менуваше во државата затоа што изборите значат трошење на државни ресурси“, додава Зајкова.

Според претседателката на ЛДП, државата треба да воспостави пракса каде што кога е доделен мандат од четири години, тој мандат да се користи во целост и за работа во интерес на граѓаните.

„Јас, но и ЛДП сме тука за да работиме во интерес на граѓаните, а во моментов состојбата налага да се работи на тоа како да се обезбедат повеќе пари во нивниот џеб, затоа што гледаме дека од ден во ден сѐ помалку пари ни стигнуваат да ги испазариме основните намирници во маркетот. Изборите се организираат врз грбот на граѓаните. Да нешто се смени, да, разбирам. Да е кревко мнозинството на владејачката партија, ајде некако. Меѓутоа со речиси двотретинско мнозинство, каде што имате комоција да носите одлуки? Не сметам дека треба да ги изложуваме граѓаните дополнително на трошоци, затоа и не случајно ја упатив и таа порака, тоа ќе значи помалку пари во државниот буџет, затоа што ќе се потрошат на избори и ќе нема пари за да пораснат платите и пензиите“, заклучува Зајкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ