недела, 14 јуни 2026

Канада и Ирска: Мирот со Иран мора да го вклучи Либан

Претстојниот самит на Г7 би можел да биде вистинското време за зацврстување на мировниот договор со Иран, но само ако тој договор вклучува прекин на огнот во Либан, нагласија во саботата лидерите на Канада и Ирска.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Канадскиот премиер Марк Карни, кој е во дводневна посета на Даблин, и неговиот домаќин, ирскиот премиер Микаел Мартин, изразија заеднички став пред заминувањето на Карни на самитот на Г7 во Франција, каде што ќе се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Политико.

Зборувајќи пред канцеларијата на ирскиот премиер во Даблин, Карни рече дека е „охрабрен од најновите случувања“, осврнувајќи се на променетите изгледи за договор меѓу САД и Иран.

Тој ја истакна „можноста за подолг прекин на непријателствата“ и оцени дека планираното учество на лидерите на Египет, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати на самитот е „навремено“.

Сепак, тој нагласи дека секој веродостоен договор би барал „поширок прекин на огнот, кој мора да го вклучи и Либан“.

Со тоа се согласи и премиерот Мартин, чија влада беше строга кон Израел, затворајќи ги своите амбасади во Ирска во знак на протест.

„Исклучително е важно Либан да биде вклучен во мировниот процес. Суверенитетот на Либан е апсолутно клучен“, рече Мартин.

Либан е од особена важност за Ирска, која не е членка на НАТО, бидејќи ирските војници учествуваат во мировните сили на Обединетите нации на југот од земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ