недела, 14 јуни 2026

Премиерот Мицкоски ја потврди посетата на еврокомесарката Кос на Скопје

Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоси во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза бај Адора“ во Општина Илинден. МКД.мк веќе пишуваше дека Кос ќе ја посети Македонија во месец јули годинава.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа, како што рече, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава.

„Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, се тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот“, прецизира Мицкоски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ