недела, 14 јуни 2026

Јани Атанасов претставен во новиот клуб во Казахстан

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов има нов клуб во својата кариера и во наредниот период ќе настапува во шампионатот на Казахстан како член на Актобе.

Објавено на

часот

Сподели

По разделбата со грчка Лариса, каде што беше еден од поважните фудбалери во тимот, Атанасов одлучи да прифати нов предизвик и постигна договор со казахстанскиот клуб. Македонскиот играч за врска минатата сезона забележа 35 настапи во дресот на Лариса, но и покрај добрите партии не дојде до продолжување на соработката со грчкиот клуб.

Во досегашната кариера Атанасов беше дел од Академија Пандев, Бурсаспор, Хајдук Сплит, Краковија и Лариса, а сега за првпат ќе се испроба и во казахстанскиот фудбал.

Атанасов веќе подолг период е дел од македонската репрезентација и зад себе има настапи во Лигата на нации, како и во квалификациски циклуси за Европско и Светско првенство, каде редовно добиваше значајна улога во средниот ред на националниот тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ