недела, 14 јуни 2026

Британските сили пресретнаа руски танкер од „флотата во сенка“

Британските вооружени сили денес пресретнаа руски танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Британски командоси и специјално обучени полицајци од Националната агенција за борба против криминал се качија на бродот „СМИРТОС“, соопшти британското Министерство за одбрана.

Бродот ќе биде задржан и следен покрај јужниот брег додека трае истрагата, се вели во соопштението, додавајќи дека мерките за спроведување на законот во британските територијални води се спроведени во согласност со домашното и меѓународно право.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека тој лично го наредил пресретнувањето.

„Оваа успешна операција ѝ задава уште еден удар на Русија и ги потсетува оние што ја поттикнуваат војната на Путин во Украина дека нема да им дозволиме да се кријат“, изјави Стармер во објава на социјалната мрежа Икс.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што учествуваа, вклучувајќи ги и нашите вооружени сили и службениците за спроведување на законот кои ја чуваат оваа земја безбедна 24 часа на ден, 365 дена во годината“, заклучи Стармер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ