Во полициското соопштение се наведува дека дошло до директен судар меѓу автомобил управуван од Г. Х., жител на албанскиот град Корча, со возилото управувано од Е. Љ. државјанин на Македонија.
„Како последица на здобиените повреди, починала Е.Љ., жителка на Ливада, Струга, сопатничка во возилото, а возачите на возилата и двајцата патници во двете возила се повредени. Четирите повредени лица се на лекување во болницата во Поградец и се надвор од животна опасност“, пишува во полициското соопштение.

Истражната екипа е на местото на настанот и работи на расветлување на околностите на несреќата.
МИА






