недела, 14 јуни 2026

ЈПДП: Лентите за М-таг на патарините од полноќ само за електронските тагови

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) апелира до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање, наплата со М-таг, наплата со M-кард и наплата во кеш и M-кард. Со таа измена, вршењето на наплата со Mкард на лентите за М-таг се укинува. Корисниците кои користат M-кард ќе плаќаат на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

Објавено на

часот

Сподели

Лентите означени за M -таг на патарините во државава од ноќеска ќе бидат наменети исклучиво за користење со електронски тагови, а непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот, укажува Јавното претпријатие за државни патишта.

ЈПДП апелира до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: наплата со M-таг, наплата со M-кард и наплата во кеш и M-кард. Со таа измена, вршењето на наплата со M-кард на лентите за М-таг се укинува. Корисниците кои користат M-кард ќе плаќаат на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

Исто така, ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот кои се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите:  зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, како и црвен икс (X) – означува затворена лента.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ