недела, 14 јуни 2026

Реал активира нова „бомба“, договорен е трансферот на Марк Кукуреља

Реал Мадрид во забрзан ритам работи на формирање на тимот за новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Откако во клубот пристигна Жозе Мурињо дојде време за реконструкција, па веќе се договорени четири трансфери. Договорени се Бернардо Силва, Ибрахима Конате и Дензел Дамрис, ама сега од никаде излезе ново име, овојпат за бековските позиции.

Нов член на Реал Мадрид ќе стане Марк Кукуреља кој доаѓа од редовите на Челси за сума поголема од 50 милиони евра.

Сè е договорено и се очекува Кукуреља да пристигне на потпис во Мадрид по настапот со Шпанија на Светското првенство. „Кралевите“ ја активираа оваа бомба, а веќе своето „Here we go“ го даде популарниот трансфер гуру Фабрицио Романо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ