недела, 14 јуни 2026

Трамп повика на прекин на израелските напади врз Либан и избегнување на ескалација на конфликтот

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека израелскиот напад врз Бејрут не требало да биде извршен во време кога преговорите за постигнување мировен договор со Иран се во завршна фаза, повикувајќи ги сите страни да ги намалат тензиите и да избегнат понатамошна ескалација.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл оцени дека денешниот напад врз либанската престолнина се случил во особено чувствителен момент за дипломатските напори во регионот.

“Нападот на Бејрут утрово не требаше да се случи, особено на ваков важен ден кога сме многу блиску до постигнување на мировен договор со Иран”, изјави Трамп.

Тој нагласи дека Израел има право да се брани од безбедносни закани, но оцени дека инцидентот што му претходеше на израелскиот одговор немал сериозни последици.

„Израел има право да се брани од закани, но нападот на кој одговори беше многу мал и незначителен“, рече американскиот претседател.

Трамп ги повика сите страни на воздржаност и нагласи дека не треба да има нови напади ниту врз либанска територија ниту врз Израел.

Американскиот претседател оцени дека постои реална можност за постигнување поширок договор што би придонел за стабилноста на Блискиот Исток.

„Многу сме блиску до договор што ќе донесе мир во регионот, вклучително и во Либан, и сите страни треба да се повлечат и да ги намалат тензиите. Ова би можело да биде почеток на долг и убав мир. Не ја пропуштајте таа можност“, заклучи Трамп.

Реакцијата на Трамп следеше по израелските напади врз Бејрут и јужен Либан, во кои загинаа најмалку пет лица, а 18 беа повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ