Особено е важно, пишува министерот, дека овој чекор се прави со домашни човечки и инфраструктурни ресурси од Министерството за дигитална трансформација и Секторот за кибер безбедност, со стручна и техничка поддршка од нашите пријатели од САД и ЕУ.
„За Македонија ова е важен чекор во градењето посилен, професионален и европски систем за кибер отпорност. Ова членство значи поголема меѓународна доверба, побрза размена на информации, пристап до експертиза и подобра координација при справување со сајбер закани. Со ова, завршуваме уште еден чекор од Реформската агенда со рок 30 јуни 2026 година и отклучуваме нови средства од Планот за раст“, напиша Андоновски.
Министерот истакна дека продолжуваме да инвестираат во капацитетите на службите за одговор на кибер инциденти, во заштитата на институциите и во безбедноста на дигиталните услуги за граѓаните и компаниите.






