Финалето не беше неизвесно, Барселона доминираше, Фуксе Берлин при крајот успеа да се доближи, но ништо не наговестуваше пресврт.
Барселона на полувремето имаше предност од четири разлика, беше 20-16. Каталонците неколкупати имаа и највисоки шест голови разлика, конечниот резултат беше 37-34.
Луис Фраде одигра извонреден натпревар, постигнувајќи седум гола од седум шута, зад него останаа Јанц и Гомез со по шест, а Макуч постигна пет. Гидсел го предводеше Фуксе со осум гола, но ни тие не беа доволно за негова прва титула во Лигата на шампионите во кариерата.
Барселона сега има 13 титули во Лигата на шампионите и е уште подалеку од најблиските конкуренти Гумерсбах и Магдебург кои имаат по пет.
Пред овој меч се одигра дуелот за третото место кој го доби Магдебург со 32-26.






