недела, 14 јуни 2026

Eдно лице повредено во пожарот помеѓу штипските села Долани и Љуботен, потврди ЦУК (ВИДЕО)

Едно лице се здобило со изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

Објавено на

часот

Сподели

По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна единица – Штип веднаш интервенирала со две екипи.

„Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место“, се наведува во соопштението на ЦУК.

Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

„Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП Стипион – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош“, информираат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ