понеделник, 15 јуни 2026

Шведска броеше до пет против Тунис, БСК со гол во 90. минута го победи Еквадор (ВИДЕО)

Ноќеска се одиграа два натпревари од Светското фудбалско првенство кои донесоа сосема различна слика на теренот. На суперефикасниот дуел, Шведска со убедливи 5-1 го декласираше Тунис, додека на втората средба падна само еден погодок во победата на Брегот на Слоновата Коска од 1-0 против Еквадор.

Објавено на

часот

Сподели

Швеѓаните имаа фантастичен старт на Мундијалот, бидејќи ретко кој очекуваше толку убедлив триумф над секогаш незгодната и конкурентна селекција на Тунис.

Високата победа ја најави Ајари уште во седмата минута, а Исак во 30. минута зголеми на 2-0. Надежта на Тунижаните им ја врати Рекик, кој пред крајот на првото полувреме реализираше за 2-1, резултат со кој се замина на пауза.

Сепак, по само 15 минути игра во вториот дел, Ѓокереш ја врати предноста од два гола и зголеми на 3-1. Во 84. минута Сванберг се погрижи за 4-1, а серијата погодоци ја затвори фудбалерот кој и ја отвори, откако Ајари во 96. минута ги постави конечните 5-1.

За разлика од оваа голеада, на дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Еквадор мрежите мируваа речиси во текот на целиот натпревар, па победникот се решаваше во самиот финиш.

Херој на африканската селекција беше Дијало, кој постигна гол во 90. минута за минимален триумф и успешен старт на првенството со освоени три бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ