Мрежите мируваа до 51. минута кога Ван Дајк постигна гол за водство на Холандија од 1-0.
Предноста на Холанѓаните не траеше долго, веќе во 57. минута Накамура го изедначи резултатот на 1-1.
Холандија брзо се созема и во 64. минута со гол на Самервил погоди за ново водство, овојпат од 2-1.
Јапонците не се откажаа, бараа втор погодок и го најдоа во 89. минута кога Камада реализираше со глава за конечни 2-2.






